Србија и Финска го осигураа своето место на престојниот Евробаскет

Селекциите на Србија и Финска со денешните победи над Швајцарија (92-84), односно Грузија (66-92) го осигураа своето место меѓу најдобрите селекции кои ќе настапат на престојниот Евробаскет.

Србите до гостинската победа стигнаа на крилјата на Филип Петрушев и неговите 27 поени и 6 скока, додека Данило Андјушиќ додаде 22 поени и 5 асистенции. Прво име кај Грузиците со 20 поени и 8 скока беше Гиорги Шермандини, а него го следеше Дуда Санадзе со 15 поени и 5 скока.

Финците беа предводени од Петери Копонен кој постигна 21 поен, а додаде и 4 асистенции, додека него го следеше Едон Максуни со 17 поени и 4 скока. Предводник на Швајцарија со 18 поени и 6 асистенции, додека Џонатан Казади додаде 13 поени, 10 асистенции и 7 скока.

Standings provided by SofaScore LiveScore

Се вчитува...