19-годишниот фудбалер од дефанзивниот дел на средниот ред Александар Павловиќ, пред неколку дена стана дел од првиот тим на славниот Баерн Минхен. Тој има и српско и германско државјанство, а сега потпиша професионален договор со гигантот од Минхен. Тој е дете на Баерн, ги мина сите младински категроии, а тренираше и во тимот на Фистенфелдбрик, тим во кој одат на „калење“ голем број таленти на „Баварците“.
Германскиот „Кикер“ објави дека пред неколку дена Павловиќ добил повик за младата репрезнтација на Србија, за да донесе одлука за која репрезентација ќе настапува во иднина.
Сега „Билд“ јавува дека ниту германскиот фудбалски сојуз не сака да го загуби талентот, па тој добил повик за селекцијата до 20 години на Германија. Но, Павловиќ и да прифати да биде дел од Германија до 20 години, тогаш ќе може да бира за која селекција ќе настапува, се додека не доби шанса за некоја сениорска репрезентација.
Павловиќ играше на последните две средби за Баерн Минхен против Дармштад (8-0) и против Борусија Дортмунд (4-0) и вкупно има одиграно 43 минути за „Баварците“.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА