Србија и Хрватска до последните европски билети за СП

Србија и Хрватска се последните две европски репрезентации кои обезбедија пласман преку баражот за СП 2019 и ќе бидат дел од светската ракометна елита на собирот во Данска и во Германија.

Српскиот состав имаше предност од 28-21 од првиот меч во Ниш, што рутински ја одржа на синоќешниот реванш во Португалија. Овој дуел заврши без победник, 25-25, а најдобар поединец беше Радивојевиќ со шест погодоци.

Хрватска беше поразена на реваншот против Црна Гора со 32-31, но убедливиот триумф од 13 гола разлика на првиот меч (32-19) беше доволна гаранција дека селекцијата на Лино Червар ќе го одржи континуитетот од настапи на големите натпреварувања.

Покрај Хрватска и Србија пласман од Европа обезбедија и домаќините Данска и Германија, светскиот првак Франција и европскиот шампион Шпанија, како и селекциите на Македонија, Унгарија, Шведска, Австрија, Исланд, Русија и Норвешка.

Се вчитува...