Србија претрпе два пораза на домашен терен на стартот од Лигата на Нации, нашиот северен сосед во следните денови го очекуваат гостувања во Германија и во Холандија, но селекторот Пауновиќ се соочи со сериозен проблем откако Сергеј Милинковиќ Савиќ отпадна од комбинација за овие дуели.
Плејмејкерот на Ал Итихад беше стандарден при поразите од Грција и од Холандија, но на последниот меч заработи повреда, по која деталните лекарски прегледи препорачаа целосно мирување во наредните десетина дена.
Поради тоа, Сергеј Милинковиќ Савиќ воопшто нема да патува со националниот тим за претстојните две гостувања, информираат српските медиуми.
Дополнителна главоболка за селекторот е неиграњето на главниот дефанзивец Страхиња Павловиќ од Милан, кој ќе го пропушти дуелот во Минхен, но има шанси да се појави во тимот за мечот со Холандија во Ајндховен.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
