Србија убедлива со Португалија – на чекор од СП

Ракометната репрезентација на Србија убедливо славеше со 28-21 против Португалија во првиот меч од бараж пресметката за пласман на СП 2019 во Данска и во Германија.

На дуелот кој се играше во Ниш, Србите предводени од селекторот Љубомир Обрадовиќ и расположените за игра Вања Илиќ, Богдан Радивојевиќ и Стефан Вујиќ комплетно доминираа против Португалците. До предност домашните стигнаа уште во првото полувреме која потоа се зголемуваше и во вториот дел за конечни 28-21 со што Србија веќе е со една нога на Светското првенство.

Реваншот се игра на 14. јуни во Португалија.

Претходно, во уште еден натпревар од бараж пресметките Австрија пропушти победа на гостувањето против Белорусија. Австријците и покрај тоа што постојано доминираа во Минск, на крајот мораа да се задоволат со реми, 28-28.

Се вчитува...