Србија успеа во хуманата мисија: „Моцарт“ ја купи капитенската лента на Роналдо за астрономска сума

Србија успеа во хуманата мисија, па капитенската лента на Кристијано Роналдо, која тој ја фрли откако се изнервира заради поништениот гол на „Маракана“, е продадена на аукција.

Капитенската лента беше ставена на аукција за да му се помогне на Гаврил Џурџевиќ од Крагуевац, кој страда од мускулна атрофија на ‘рбетот. Потребни беа 2,5 милиони евра за неговиот третман, а најголема исплата на неговата сметка е направена благодарение на оваа аукција која претходно беше организирана.

Српските медиуми јавуваат дека капитенската лента е продадена за 7.500.010 динари, што е околу 64.000 евра. Според мајката на Гаврил, Невена, веќе се собрани околу половина милион евра и парите од лентата на Роналдо исто така ќе бидат многу важни во целиот процес на лекување.

Се вчитува...