Србин на прагот на Вест Хем

Српскиот стопер Никола Миленковиќ е на прагот на Вест Хем Јунајтед, пренесува добро упатениот Фабрицио Романо. Лондонскиот клуб кој следната сезона ќе игра на Европа Лига сеуште чека на правото засилување во пресрет на новата сезона, а и покрај тоа што беше блиску до доведување на Курт Зума од Челси, тој трансфер нема да се реализира.

Србинот ќе замине од Фиорентина, но на неговото место се очекува да пристигне неговиот сонардоник Матија Настасиќ кој е дел од Шалке од 2015 година, но по отпаѓањето на клубот од Гелзекирхен во втората лига е подготвен за ново искуство.

Се вчитува...