Србин постигна смешен автогол на лутото грчко дерби (видео)

ПАОК излезе како победник од големото дерби со Олимпијакос, и тоа со триумф среде Атина со минимални 0-1, натпревар што ќе остане запаметен по неверојатниот автогол што си го постигна српскиот интернационалец Јагош Вуковиќ.

Се играше почетокот од второто полувреме кога гостите од Солун тргнаа во опасна акција по левата страна, голманот на Олимпијакос несмасно интервенираше, но кога топката на еден метар од голот на домаќините стигна до Вуковиќ се чинеше дека опасноста рутински ќе биде отстранета. А тогаш шок за домашните фанови – наместо исфрлање во поле или во корнер, Србинот ја смести топката во мрежата, за водство на ПАОК од 0-1, резултат што на крајот се покажа конечен на ова големо дерби.

 

Се вчитува...