Србинките рутински ја прескокнаа и Јапонија

Српската одбојкарска репрезентација ја запиша и втората победа на олимпискиот турнир во Токио, откако и денеска со максимални 3-0 (25-23, 25-16 и 26-24) славеше над домаќинот Јапонија.

Јапонките беа достоен противник само во првиот сет во кој на Србија и требаше некое време да влезе во ритам и по добивањето на првиот сегмент потоа беше само рутински довршен мечот.

Тијана Бошковиќ со 34 поени беше прво име во таборот на Србинките.

Претходно максимални победи од 3-0 забележаа и САД против Кина, како и Русија против Аргентина.

Се вчитува...