Србинот Рајковиќ ќе биде замена за Донарума во Милан

Италијанскиот голман Џанлуиџи Донарума се поизвесно на крајот од сезоната го напушта Милан. Неговиот договор со клубот завршува за една година, но не е расположен за останување на „Сан Сиро“.

Токму поради тоа, како што пренесуваат италијанските медиуми, Милан планира негова продажба ова лето и поради огромниот интерес од неколку европски клубови. Според најавите, пак, замена за Донарума во Милан ќе биде српскиот голман Предраг Рајковиќ кој во моментов е член на француски Ремс.

Рајковиќ во Франција е од минатото лето каде пристигна од Макаби Тел Авив и на 27 натпревари во Лига 1 прими само 18 голови. Преговорите на Милан со Ремс веќе се почнати. Се најавува дека „росонерите“ ќе го купат за осум милиони евра.

24-годишниот српски голман фудбалски потекнува од школата на Црвена Звезда каде дебитираше на 17 години во 2013 година. За репрезентацијта на Србија има 13 настапи.

Се вчитува...