Србиновски: Како што ќе одминува времето, Штип ќе биде се посилен

Се е подготвено за официјалниот старт на Супер-лигата на домашната сцена во која како дебитант ќе ја имаме екипата на Штип. Тренерот Марјан Србиновски имаше можност да го види својот тим на дело, повредите влијаат на формата пред самиот старт на сезоната, но поранешниот македонски селектор е оптимист кога станува збор за настапите во периодот што претстои.

Тој во разговор за официјалната веб-страница на МКФ одговараше на прашања поврзани со неговиот тим пред стартот на новата сезона.

* Колку сте задоволни од сработеното во подготвителниот период и дали тимот ја дочекува премиерата на новата натпреварувачка сезона во посакуваната физичка и тактичка форма?

Подготовките ги почнавме на време, Првиот дел од подготовките го поминаме како што беше планирано. Одигравме неколку пријателски натпревари. Ни се случија неколку повреди поради што бевме приморани да откажеме на уште некоја проверка. Во исчекување на враќањето на повредените играчи и новото странско засилување, ни останува краток период за воигрување, Но што е тука е, очекувам како ќе одминува времето да бидеме се подобри“.

* Со оглед на засилувањата во сите клубови, каква Супер лига лига очекувате оваа сезона и каде ја гледате предноста на вашиот тим во однос на директните ривали?

„Освен неколку клубови што отскокнуваат со квалитетот, очекувам доста изедначено првенство“,, вели искусниот стратег на клупата на штипјани.

* Колку е важна победата во премиерното коло од психолошки аспект и каква порака сакате Вашата екипа да испрати до јавноста и навивачите со првиот сезонски настап?

Првиот натпревар секогаш е важен, но не е пресуден. Секако сакаме да ја отвориме сезоната со победа. Ќе дадеме максимум во овој момент за тоа да се случи. Ние како ГКК Штип сакаме да даваме максимум на секој натпревар, како на домашен, така и на гостински паркет“, порачува Србиновски.

Се вчитува...