Србите разочарани – „Некој е Дончиќ, некој е Јокиќ“

Најкорисниот играч на НБА лигата, Никола Јокиќ нема да настапи за Србија на престојните квалификации и самите Летни олимписки игри во Токио, информација што ja подели јавноста кај нашиот северен сосед.

Многумина го осудуваат центарот на Денвер за новото откажување од својата репрезентација и веќе ги заборавија пофалбите за МВП признанието. Други пак застанаа зад 25-годишникот кој за 201 ден одигра неверојатни 85 натпревари и неговата одлука да одмори ова лето.

Како потсетување, Јокиќ не настапи ниту на Европското првенство во 2017 година кога беше во последната година од својот руки договор, а како причина за откажувањето и тогаш беше заморот.

„Сол на раната“ за Србите е и прифаќањето на повикот на Лука Дончиќ кој ќе настапи за словенската репрезентација на турнирот во Каунас каде Словенците ќе се сретнат со Полска и Ангола во првата рунда, и некоја од репрезентациите на Литванија, Северна Кореја и Венецуела во втората.

Слично како и Јокиќ, и Дончиќ одигра голем број на натпревари за краток период, но Словенецот имаше и малку повеќе време за одмор бидејќи „балонот“ во Орландо го заврши во четвртфиналето, а сега неговиот Далас повторно беше запрен во првата рунда од плејофот од составот од Лос Анџелес.

Квалификациските турнири за пласман на Летните олимписки игри ќе бидат одиграни во периодот помеѓу 28. јуни и 4. jули, а само по една селекција од четирите групи ќе обезбеди место во Токио.

Се вчитува...