Србљак со пресврт до победа

Победа и пораз за македонските тенисери во денешните мечеви на ИТФ фјучрс турнирот во Куршумлијска Бања. Горазд Србљак успеа да го совлада седмиот носител Карло Алберто Каниато од Италија со 2-1 во сетови (46 63 60) за два часа и 18 минути, додека Обрад Марковски откако преку квалификациите стигна до главниот турнир загуби од петтиот носител Хајато Мацуока од Јапонија со 2-0 (63 61) за 89 минути игра.

Србљак во првиот сет постојано „го бркашеE резултатот бидејќи Италијанецот Каниато имаше предност од еден гем. Во 9. гем македонскиот тенисер не искористи две топки за брејк и водство од 5:4, во следниот гем Каниато го направи брејкот за 6:4 во гемови и водство од 1-0 во сетови. Во вториот сет Србљак вedнаш напрви брејк за 2:0 вп гемови и предноста ја имаше до крајот на сетот, кога го направи  вториот брејк за 6:3 во гемови и 1-1 во сетови. Во решавачкиот сет Србљак беше убедлив и без загубен гем го доби сетот, а со тоа и мечот со 2-1 во сетови.

Во следното коло Србљак ќе со уште еден тенисер од Италија Стефано Д’ Агостино, кој со 2-1 во сетови го победи Кристијан Лерби од Холандија.

Обрад Марковски не успеа да ја продолжи низата победи од квалификациите, а Јапонецот Мацуока се покажа како подобар противник. Во првиот сет по 1:0 за Марковски во гемови ривалот имаше серија од пет гема за водство од 5:1, за потоа Марковски да намали на 5:3. Сепак првиот сет со 6:3 му припадна на јапонскиот тенисер. Во вториот сет Марковски поведе со 1:0, но ривалот ги освои сите гемови до крајот на мечот за триумф од 2-0 во сетови.

Се вчитува...