Сребрена лига: Триумф со пресврт против Израелците

Македонската одбојкарска репрезентација славеше со 3-1 против Израел во вториот натпревар од вториот турнир во Европската сребрена лига.

„Спартанците“ до победата дојдоа со пресврт откако Израелците го освоија првиот сет убедливо со 16-25. Но, се понатака беше во знакот на Македонија. Следните три сета беа добиени со 32-30, 31-29, 25-23.

Со оваа победа, а и по вчерашниот триумф над домаќинот Данска, Македонија сега се зацврсти на првото место во групата со 12 бодови, четири повеќе од Данска, потоа следува Кипар со четири бода, а Израел има три. Данска и Кипар вечерва го играат својот натпревар од 5. коло.

Одбојкарите утре го играат последниот натпревар од лигата против Кипар.

Се вчитува...