Сречко е „ваш“, ние го имаме Мрме, зборува словенечки, а со него и „забијамо“ (ВИДЕО)

ЕКИПА во Љубљана,

Никола Ѓуровски

Историски фудбалски моменти не врзуваат за Словенија, во Крањ ја остваривме првата победа (1-4) откако формиравме национална репрезентација, а некако ’на прва’ не спојува и Сречко Катанец, Словенецот кој во минатото беше селектор на Македонија.

Уште ни одѕвонува она неговото познато…„Не забијамо, то је проблем“, и како што одминува времето, се појасна е сликата дека тоа и не беше периодот на најголемата ренесанса на македонскиот репрезентативен фудбал. Посебно во ова сегашно време, кога победуваме со Игор Ангеловски на клупата.

„Сречко? Сречко је „ваш“, им велиме на словенечките новинари. „Ние го имаме Мрме, тој зборува словенечки, а со него и ’забијамо’. 

А, Игор Ангеловски на пресот, на одличен словенечки им кажа на домаќините…„Прихајали смо за змаго“.

Ниту за Словенците веќе Сречко не е сегашност, погледите се насочени кон Матјаж Кек. И тие сакаат победа…

Се вчитува...