Средба АМС – МОК: Потребна ни е Стратегија за развој на спортот во Македонија

Директорот на Агенција за млади и спорт, Дарко Каевски се сретна со претседателот на Македонскиот олимписки комитет, Д-р Васил Тупуркоски и генералниот секретар, Д-р Сашо Поповски. На средбата се разговараше за состојбите во македонскиот спорт.

Присутните нагласија дека е потребно да се донесе Стратегија за развој на спортот во Република Македонија. Фокус да се стави на младите спортисти и зајакнување на нивните способности, тие се идните наши олимпијци од кои очекуваме добри резултати, се согласија присутните.

Дговорена е соработка за организирање на обуки и работилници за спортските работници. Трансферот на знаење кај тренерите и стручните кадри е од особено значење.

Претставниците на МОК истакнаа дека се залагаат за продлабочување на соработката со АМС.

На работната средба се разговараше и за подготовката на македонските спортисти за Зимските олимписки игри кои ќе се одржат во февруари, 2018-та, во Пјонгчанг, Јужна Кореја.

Се вчитува...