Средба со најмладите…И јас сакам да бидам Дарко Панчев (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Легендата е повторно дел од Вардар. Дарко Панчев од денеска ја извршува функцијата спортски директор на клубот, и веднаш по промоцијата отиде да ги види најмладите, кои тренираат во Академијата на ФК Вардар. Панчев ќе биде задолжен меѓудругото и за уште подобар развој и функционирање на школата на клубот, покрај обврските во сениорскиот погон.

А најмладите секако во него гледаат фудбалски Бог…И секое дете си мисли…И јас сакам да бидам Дарко Панчев!

[new_royalslider id=”583″]

Се вчитува...