Среќен крај на мачната приказна: Сопругата на Наинголан го победи ракот

Турбулентната година за семејството на Раџа Наинголан конечно заврши. Неговата сопруга Клаудија го победи ракот. Една година откако и беше дијагностицирана болеста, а белгискиот репрезентативец отиде на позајмица во Калјари за да биде блуску до неа, семејството соопшти дека битката е добиена. Наинголан сега е вратен во Интер од каде што отиде на позајмица. Сепак, веројатно нема да се задржи во клубот со оглед дека не е по вкусот на тренерот Антонио Конте. Францускиот шампион, Пари Сен Жермен е заинтересиран за него.

Наинголан и неговата сопруга беа во центарот на вниманието и во периодот кога ситуацијата со коронавирусот во Италија беше најлоша. Тој постојано велеше дека е многу загрижен за неа и дека многу внимава да не и направи проблеми. Клаудија во тој период ги избегнувала болниците, а Раџа бил особено внимателен околу почитувањето на мерките со оглед дека лицата со карцином се исклучително ризична група.

 

 

 

 

Се вчитува...