Голманот на ПСЖ Серхио Рико, ќе биде пуштен од болницата во Севилја, три месеци после несреќата на јавање при што се здоби со сериозни повреди.
29-годишниот Шпанец е хоспитализиран на 28. мај откако претрпе тешка повреда на мозокот. После неколку дена во кома, голманот на 5. јули е отпуштен од интензивна нега.
Рико е дел до ПСЖ од 2019 година, а за клубот одигра 24 натпревари. За репрезентацијата на Шпанија запиша еден настап. Пред ПСЖ настапуваше за Севилја со која освои два трофеи во Лигата на Европа.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА