Српска ракометарка позитивна на Ковид-19, мечот против Холандија одложен

Европската ракометна федерација, ЕХФ соопшти дека натпреварот од првото коло во Ц групата меѓу Србија и Холандија е одложен за сабота, односно 24 часа од првобитниот термин.

Мечот требаше да се одигра вечерва во 20:30 часот, но причината за неговото одложување е позитивниот тест во таборот на српската репрезентација.

Српската ракометарка според сите протоколи е изолирана во карантин, а останатите членови на српскиот тим кои се негативни остануваат во своите соби. Веќе утрово е направено второ тестирање, а Србинките ќе бидат тестирани и во сабота, пренесуваат од ЕХФ.

Се вчитува...