Српски играчи скокале во море бегајќи од хрватски хулигани

Национализмот повторно е актуелна тема во регионот откако група хрватски хулигани нападнале четири српски ватерполисти во Сплит. Ватерполистите се дел од екипата на Црвена Звезда, која денеска ќе се сретне со Морнар во рамките од регионалната лига, а спортистите решиле убавото време да го искористат за прошетка крај морето.

Тие се движеле во тренерски со клупски обележја, а откако биле забележани веднаш следен напад од група на хулигани. Тројца од нив успеале да побегнат, но четвртиот бил стигнат од страна на хулиганите, неколку пати удиран во различни делови од телото, по што спасот го побарал во морето скокајќи во водата.

„Бевме информирани за немилиот настан, кога дојдовме на лице место не ги најдовме напаѓачите, а момчето што скокна во морето го превезовме до хотелот за да се пресоблече. Во тек се разговорите со кои ќе се утврдат повеќе детали за инцидентот“ – соопштија од сплитската полиција.

Се вчитува...