Српски тренер полуде на судиите во НБА: Ако мораше да загубиме, бар да ни кажеа (ВИДЕО)

Натпреварот помеѓу Лос Анџелес Лејкерс и Торонто во НБА лигата кој заврши со минимална победа за тимот од Калифорнија со 132-131 донесе контроверзија која предизивика голем бес кај српскиот стратег на клупата на канадскиот тим, Дарко Рајаковиќ.

Лос Анџелес Лејкерс во последната четвртина изведе 23 слободни фралања, за разлика од дветте на Торонто па првиот српски тренер во најсилното кошаркарско првенство на преконференцијата за медиуми не успеа да го скрие балканскиот менталитет, но за страста кој ја покажа ги собра симпатиите на публиката во САД.

„Тоа што се случи вечерва е нешто невидено, потполно срање. Срамота. Срамота за судиите, срамота за првенството кое ова го дозволи. 23 слободни фрлања за нив, а две за нас во последната четвртина.

Како да играте натпревар? Го разбирам респектот за Ол-стар играчите и се тоа, но и ние имаме ѕвезди во нашиот тим. Како е можно Скоти Барнс кој е ол-стар калибар и кој секој пат оди со полна силна на продор без да сака да изнуди прекршок да добие само две слободни фралања во текот на целиот натпревар? Како е тоа можно. Како ќе ми го објасните тоа?

Мораа да победат? Ако е така, кажете ни па нема да се појавиме на натпреварот. Дајте им ја победата. Ова не беше фер и ова не е прв пат за нас“, изјави Рајаковиќ.

Се вчитува...