Српскиот актер Милан Калиниќ се соочува со петгодишна казна затвор поради тепачката на мечот меѓу Ц. Звезда и Партизан (ВИДЕО)

Познатиот српски актер, Милан Калиниќ се соочува со петгодишна затворска казна откако и официјално е подигнато обвинение за учество во тепачката покрај терен на кошаркарскиот натпревар меѓу Црвена Звезда и Партизан.

Инцидентот се случи во април минатата година кога Калиниќ се впушти во физичка пресметка со еден од спонзорите на Црвена Звезда, Далибор Крковиќ а застанувајќи во одбрана на неговиот пријател кој е маркетинг директор во тимот.

Калиниќ со неколку тупаници го удри Крковиќ во глава, поради што е обвинет за насилство на спортски натпревар, за што му се заканува и казна затвор до пет години. Судењето е закажано за 26. јануари 2021 година.

Се вчитува...