Српскиот кошаркарски бисер може да биде втор пик на НБА драфтот

Одличните партии на младиот српски кошаркар Никола Топиќ во дресот на Мега не останаа незабележани ниту од скаутите во НБА лигата.

Последните прогнози на американските медиуми велат дека младиот српски репрезентативец и играч на Црвена звезда би можел да бидат втор пик на претстојниот драфт во НБА. Единствениот Србин кој беше толку високо рангиран пред него беше Дарко Миличиќ. Тогаш Миличиќ беше избран од Детроит за втор пик, зад Леброн Џејмс и пред Кармело Ентони.

Според моменталниот однос на силите во НБА, Топиќ би завршил во Вашингтон Визардс. Годинава брилијантниот 18-годишен бек во АБА лигата има просек од 19,2 поени и 6,6 асистенции.

Се вчитува...