Српскиот супер-агент соопшти вест која ги разочара навивачите на Партизан

Миленикот на навивачите на Партизан, чешкиот репрезентативец Јан Весели официјално го продолжи договорот со Барселона на уште две сезони, потврди и неговиот агент, Мишко Ражњатовиќ.

Кај навивачите на „црно-белите“ постоеше еурофија за можно враќање на крилниот центар во Белград каде настапуваше од 2008 до 2011 година пред да замине во НБА лигата, но тоа нема да се случи најскоро до 2026 година.

Навивачите на Партизан на последното гостување на Чехот во Белград му приредија фантастичен пречек. Го скандираа неговото име и го повикаа да се врати назад во тимот.

Се вчитува...