Српските ватерполисти бронзени на СП во Будимпешта

Ватерполистите на Србија го освоија третото место и бронзениот медал на Светското првенство во Будимпешта, откако во малото финале ја совладаа селекцијата на Грција со 11-8. Актуелните олимписми и европски прваци, се закитија и со десеттиот медал последователно на големите натпреварувања, иако овојпат им побегна златото.

Србија беше доминантна во дуелот за третата позиција. Првата четвртина ја добија со 5-3, а на полувреме заминаа со три гола предност (7-4). До крајот умешно ја одржуваа оваа предност и стигнаа до бронзениот медал на мундијалот.

Во големото финале вечерва за златото ќе се борат репрезентациите на Унгарија и на Хрватска.

Се вчитува...