Стам го презема Феенорд од следната сезона

Поранешниот фудалер на Манчестер Јунајтед и холандски репрезентативец, Јап Стам, од следната сезона ќе седне на клупата на Феенорд, потврдија од клубот за локалните медиуми. Стам ќе потпише двeгодишен договор со кој ќе го замени Џовани ван Бронхорст, кој неодамна соопшти дека по сезоната го напушта холандскиот тим.

Поранешниот освојувач на Лигата на шампионите во клуbот од Ротердам доаѓа од екипата на Цволе, со која во холандскиот шампионат дебитираше со победа од 3-1 токму над Феенорд.

Стам кој во текот на својата кариера играше и за ПСВ, Лацио, Милан и Ајакс, пред Цволе како тренер работеше во младинскиот тим на Ајакс и во англискиот второлигаш Ридинг.

Се вчитува...