Српскиот тренер Дејан Станковиќ доби отказ од Спартак Москва поради лошите резултати.
Станковиќ го предводеше славниот руски клуб на вкупно 59 натпревари, но оваа сезона неговиот тим забележа само осум од 17 натпревари па раководството на клубот се одлучи на промена и покрај тоа што неодамна му беше продолжен договор.
По овој отказ Станковиќ кој во кариерата ги предводеше и Црвена Звезда, Ференцварош и Сампдорија изби на првото место на листата на кандидати за превземање на репрезентацијата на Србија.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

