Тренерот на Работнички, Горан Станковски, вели дека и покрај поразот од Шкендија во Тетово, забележлив е напредок во играта на тимот. „Романтичарите“ го намачија лидерот да дојде до трите бода, а Шкендија победи со гол од пенал во завршницата од натпреварот.
„Со пораз никогаш не можете да биде задоволни. Бодовите останаа во Тетово, а имавме реални шанси да освоиме барем еден. Но, не издржавме до самиот крај. Сепак, бевме конкурентни и решија мали нијанси во завршницата од натпреварот, како и одлуката за удар од белата точка. Не можам да им замерам ништо на фудбалерите, се бореа максимално, покажаа голема желба и храбра игра. И покрај поразот, мислам дека продолжуваме да напредуваме како тим и верувам дека со вакви игри ќе се искачиме повисоко на прволигашката табела“, вели шефот на стручниот штаб, Горан Станковски, за официјалниот сајт на клубот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА