Станојковски и Ива Димитриевска се нови шампиони на Македонија во пинг-понг (ФОТО)

Заврши и последниот бодовен турнир за сезона 2022/23 во сениорска конкуренција, ТОП 8 во машка и женска конкуренција во пингпонгарските шампионати на Македонија.

Иако ланските шампиони го освоија овој топ 8 и во машка и во женска конкуренција тие не успеаа да бидат на врвот на бодовната ранг листа за сезона 2022/23.

Шампиони на Македонија во сениорска конкуренција се Кристијан Станојковски од ППК Крива Паланка, кој по една година пауза пак се врати на врвот и Ива Димитриевска од ППК Рисови која со мала разлика за прв пат успеа да се искачи на врвот и да биде најдобра во женска конкуренција.

Во неделата се изиграа и завршните натпревари од јуниорската машка лига каде што победи екипата на ППК Крива Паланка, пред ППК Куманово и ППК Пелагонија.

ПЛАСМАНОТ НА ПОСЛЕДНИОТ ТУРНИР:
Машки:
1. Филип Младеновски – ППК Шампион Фа
2. Кристијан Станојковски – ППК Крива Паланка
3. Лука Стојчев – ППК Шампион Фа
Женски:
1. Амелија Николов – ППК Шампион Фа
2. Сара С. Стојановска – ППК Крива Паланка
3. Ива Димитриевска – ППК Рисови

Се вчитува...