„Старата дама“ го загуби трпението: Ќе плати четири милиони евра за промашеното засилување да си замине од клубот

Јувентус нема намера да го чува Арон Рамзи во клубот откако велшкиот ас се покажа како огромно трансфер-промашување по доаѓањето како слободен играч од Арсенал. Тој ги мина последните месеци на позајмица во Глазгов Ренџерс, но со игрите што ги прикажа не успеа да ги убеди челниците на шкотскиот клуб да го откупат неговиот договор со „старата дама“.

Јасно е дека Алегри нема да смета на 32-годишниот играч за врска за наредната сезона, па Јувентус подготвува понуда – да му исплати на Рамзи пари само за тој што поскоро да си замине од клубот. Велшанецот има загарантирани осум милиони евра по сезона, но Јуве ќе му понуди четири милиони евра што веднаш би му биле исплатени, по што тој би можел без никаква отштета да се пресели во нов клуб.

Рамзи сериозно ја разгледува оваа опција, пред се поради желбата да се врати назад во татковината и да го облече дресот на Кардиф, да се обиде да му помогне на овој тим да влезе во Премиер-лигата.

Се вчитува...