„Старата дама“ се тресе: Кјелини го пропушта Реал Мадрид?

Јувентус загуби два значајни бода на гостувањето против СПАЛ, но уште поголем проблем за тренерот Алегри претставува повредата што ја заработи Џорџо Кјелини, поради која најдобриот дефанзивец на „старата дама“ ќе мора да отсуствува извесно време од терените.

Кјелини денеска се појави на прозивката на италијанскиот тим и откако беше прегледан од репрезентативните доктори веднаш доби дозвола да се врати назад во Торино и да почне со посебна рехабилитациска програма. Тој сигурно ќе ги пропушти пријателските натпревари со Аргентина и со Англија, а лекарскиот тим на Јувентус стравува дека паузата ќе биде уште подолга, па Кјелини би можел да пропушти нeколку натпревари за италијанскиот првак.

За Алегри е најзначајно Кјелини да може да настапи против Реал Мадрид во четвртфиналето од Лигата на шампионите, натпревари закажани за 3 и 11 април.

Се вчитува...