„Старата дама“ убедлива против Болоња

Италијанскиот првак Јувентус одигра одличен натпревар на гостувањето кај Болоња и славеше со убедливи 0-3. Тимот на Масимилијано Алегри целата работа ја заврши уште во првото полувреме, кога обезбеди предност од два гола. Миралем Пјаниќ со мајсторија од слободен удар донесе водство, а Марио Манџукиќ во 36.минута го постигна и вториот погодок за „старата дама“.

Блес Матуиди во 64.минута зголеми на 0-3 и ги разреши сите дилеми околу победникот на овој дуел. Со триумфот, Јувентус се искачи на втората позиција на табелата во Серија А со 41 бод, еден помалку од лидерот Наполи.

Џенова на Горан Пандев ремизираше без голови на гостувањето против Фиорентина. Македонскиот интернационалец беше стартер и играше до 54.минута, кога на негово место влезе Лападула.

Сасуоло изненадувачки ја совлада Сампдорија на гости со 0-1, со голот на Алесандро Матри во 90.минута од мечот. Претходно, гостите не реализираа и пенал.

Резултати Италија: Болоња – Јувентус 0-3, Кротоне – Киево 1-0, Фиорентина – Џенова 0-0, Сампдорија – Сасуоло 0-1.

Се вчитува...