Стариџ суспендиран бидејќи си го излажал братот за трансфер

Поранешниот фудбалер на Ливерпул, Даниел Стариџ е суспендиран на две недели и парично казнет со 75 илјади фунти бидејќи е утврдено дека ги прекршил правилата за обложување на Фудбалската асоцијација на Англија.

Англискиот фудбалер прво се соочи со 11 обвиненија, од кои девет Независната регулаторна комисија ги одби. На крајот Стариџ е казнет бидејќи е утврдено дека тој на својот брат Леон му кажал да се обложи дека во јануари 2018 тој ќе премине во Севилја. На крајот фудбалерот премина на позајмица во ВБА, но казната е изречена поради давање на информации за фудбалски облог, без оглед што таа информација на крајот се покажала како неточна. Сепак, суспензијата е во траење од две седмици и тој ќе може повторно да игра од 31. јули.

Голгетерот е слободен играч по истекот на неговиот договор со Ливерпул, а и покрај неколкуте понуди тој се уште нема донесено конечна одлука каде да ја продолжи кариерата.

Се вчитува...