Стариот добар Жозе: Мурињо доби жолт картон во 15. минута во своето деби во турскиот шампионат

Португалскиот тренер Жозе Мурињо за прв пат го предводеше Фенербахче во турскиот шампионат и брзо се погрижи да нема попуст кај судиите.

Веќе во 15. минута од мечот со Адана беше санкциониран со жолт картон откако долго време се жалеше на помошниот судија. Натпреварот беше прекинат, а бидејќи Португалецот не престануваше да збори, главниот судија му пријде и му покажа картон.

Турските медиуми ја „откопаа“ информацијата дека Мурињо е првиот тренер на Фенербахче по дури две години кој е санкциониран со жолт картон. Затоа, меѓу другото, тој е специјален. Фенербахче на крајот славеше со 1-0 со голот на Един Џеко.

Се вчитува...