Старт за во затвор: Баи доби црвен картон, а противникот заврши во болница (видео)

Дефанзивецот на Олимпик Марсеј, Ерик Баи, прерано го заврши денешниот куп-меч против Клермон, по бруталниот старт на екс-фудбалерот на Манчетер Јунајтед во првото полувреме од овој натпревар.

Баи тргна неконтролирано со отворен ѓон што заврши во градите на противничкиот фудбалер, судијата веднаш му покажа црвен картон, а за сериозноста на стартот најдобар доказ е фактот дека играчот на Клермон со возило на брза помош беше префрлен во најблиската болница.

Олимпик и со играч помалку успеа да стигне до победата, со головите што ги постигнаа Алексис Санчез и Бамба Диенг.

Се вчитува...