Стартот на вторите лиги се одложува за 28. август

Стартот на двете македонски второлигашки конкуренции ќе биде одложен за 28. август.

Согласно првичниот натпреварувачки календар почетокот на новата сезона во вторите лиги, Исток и Запад, беше закажан за 21. август. Но, клубовите веќе се информирани дека ќе следи одложување на почетокот на сезоната со рок до петок да ги завршат обврските околу плаќање на котизацијата.

Согласно најавите од ФФМ, веднаш потоа во сабота треба да биде одржана и ждрепката за новата второлигашка сезона.

Се вчитува...