Стартува пријавувањето за првото издание на „Охрид треил“

Од денеска, официјално започнува пријавувањето за учество на првото издание на новиот спортски настан во Охрид, Планинарската трка „Охрид треил 2019“.

„Заинтересираните пријавувањето можат да го потврдат на официјалната страна „Ohridtrail.mk“ која изобилува со информации напишани на оригинален охридски дијалект. На првиот спортски настан од ваков вид во Охрид вљубениците во спортот можат да учествуваат во една од двете трки. „Малата“ е долга 35 километри и стартува од автокампот „Елешец“, додека делницата на „големата“ 60 километри и започнува во Св. Наум“ – информираат организаторите од асоцијацијата на спортови „Спорт за сите“ од Охрид.

Планинарската трка „Охрид треил“ која ќе се одржи на 25. мај нуди ретка можност за уживање на сите убавини на Галичица, Охрид и Охридското и Преспанско езеро надополнето со трчање и дружење.

Се вчитува...