Стартуваше францускиот шампионат – Бордо и Нант одиграа без голови (ВИДЕО)

Ако денот по утрото се познава француската Лига 1 годинава нема да донесе многу возбудувања, Премиерниот натпревар од новата сезона меѓу Бордо и Нант заврши без голови 0-0. Единствен момент за издвојување е црвениот картон кој го доби играчот на Бордо Зеркане во 20. минута.

Во вториот дел двата тима играа анемично и немаше ниту еден упатен удар во рамки на голот. Денеска требаше да се игра мечот меѓу Олимпик Марсеј и Сент Етјен, но поради петте потврдени случаи во тимот на Марсеј натпреварот е одложен.

 

Се вчитува...