Стартуваше и ракометниот турнир на ЛОИ: Шведска се извлече против Бахреин, Франција сигурна со Аргентина

Стартуваше и ракометниот турнир на Летните олимписки игри во Токио.

Во Групата А, Норвешка дури во второто полувреме успеа да го скрши отпорот на Бразил победувајќи со 27-24, додека Франција стигна до лесна победа против Аргентина од 33-27.

Во Групата Б, Шведска во последните минути од мечот со Бахреин спречи големо изненадување. Бахреин до самиот финиш имаше водство против Швеѓаните. Во последните две минути од мечот се влезе со предност од 30-31 за Бахреин, но со два гола во финишот Шведска успеа да стигне до победа од 32-31 спречувајќи огромно изненадување.

Се вчитува...