Кјелце веќе го договори трансферот на Игор Карачиќ, но хрватскиот бек нема да биде единствениот „вардарец“ што летово ќе се пресели во таборот на шампионот на Полска. Првиот човек на „сино-жолтите“, Бертус Сервас, потврди дека веќе се стартувани и преговорите со Сташ Скубе, кој многу лесно може да му се приклучи на Карачиќ на пат до Кјелце.
„Не е тајна дека ние преговараме со Сташ Скубе. Карачиќ не е единствениот среден бек што ќе го ангажираме, особено доколку Циндриќ си замине. Заинтересирани сме за Скубе, но проблем е што му нудиме долгорочен договор, а тој сака да потпише само на една година. Се сомневам дека има договорено трансфер во 2020, а нам не ни е во интерес да го доведеме само на една сезона. Скубе ни е приоритет и сакаме да го ангажираме, но нема да инсистираме на негов трансфер по секоја цена, да ги задоволиме сите негови барања“ – изјави Сервас.
Скубе минатото лето пристигна од Пик Сегед во Вардар токму како замена за Циндриќ и одлично се снајде во таа улога. Останува да се види дали сега повторно ќе ја пополни дупката што ќе ја остави Хрватот со своето заминување.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА