Ставре Јада учествуваше на Јуниорското балканско првенство во биатлон

Македонскиот натпреварувач Ставре Јада изминатиот викенд учествуваше на Јуниорско балканско првенство во биатлон кое се одржа во Словачка и го свои 59. место во индивидуалната трка, а заврши на 70.позиција во спринт.

Крушевските нордијци постигнаа забележителни резултати на ФИС Балкан купот во Грција. Дамјан Пејчиноски во категоријата крос кантри групен старт го освои 4.место во конкуренција од 28 натпреварувачи, а Михаела Даноска од Олимпик ски клубот Крушево беше трета од 11 натпреварувачки. На вториот натпревар, исто така како дел од Балкан купот, Дамјан Пејчиноски освои трето место, а Михаела Даноска беше второпласирана.

Се вчитува...