Ставрев ќе суди во Будимпешта

Најдобриот македонски судија, интернационалецот Александар Ставрев, е одреден од Судиската комисија на УЕФА да го суди мечот од четвртото коло во Лигата на Европа меѓу Ференцварош и ЦСКА Москва, закажан за 7 ноември во Будимпешта.

Негови асистенти ќе бидат Марјан Кировски и Дејан Костадинов, а четврти судија ќе биде Димитар Мечкаровски.

Се вчитува...