Ставрев ќе суди во Холандија, Божиновски контролор во Москва

Фудбалската репрезентација на Македонија не само што доби многу честитки поради  пласманот на едно европско првенство за првпат во нејзината историја, туку и нејзините претставници добиваат признанија од страна на судиската комисија на УЕФА.

Нашиот најдобар судија, интернационалецот Александар Ставрев ќе го суди дербито во Ф групата во Лига на Европа во Холандија меѓу Аз Алкмар и моментно лидерот во Премиера лига на Шпанија Реал Социедад што се игра на 26 ноември.

Во оваа група Аз Алкмар, Реал Социедад и Наполи имаат по 6 бодови, додека Риека е без бодови  така што овој меч е решавачки за двете екипи.

На Ставрев ќе  му помагаат Дејан Костадинов и Гоце Петрески, четврти судија ќе биде Константин Влахо, кој ќе го замени претходно одредениот Димитар Мечкаровски кој се повреди на неделниот меч Шкендија-Шкупи.

Ова ќе му биде 65 натпревар на Ставрев како главен судија во квалификациите за Лига на шампиони и Лига на Европа, или вкупно 121 на меѓународната сцена откако во 2006 година стана меѓународен судија.

Судиската комисија на УЕФА е посебно задоволна од контролите на судењата што ги оценува претседателот на Судискиот одбор на ФФМ Емил Божиновски бидејќи е повторно делегиран како контролор на 1 декември во групната фаза на Лига на шампионите во Москва меѓу Локомотив и Салцбург.

За последните два месеци беше контролор на средбите Атлетико Мадрид-Салцбург, Лудогорец-Тотенхем, Франција-Шведска

 /М.М/.

Се вчитува...