Ставрев ќе суди во Швајцарија, Божиновски контрола во Полска

Интернационалецот Александар Ставрев, денес сигурно нашиот најдобар фудбалски судија, од страна на Судиската комисија на УЕФА е одреден да го суди мечот од плеј-офot во Конференциската лига на Европа меѓу швајцарскиот клуб Јанг Бојс и белгискиот Андерлехт, еден од дерби-дуелите во ова коло.

На Ставрев ќе му помагаат Дејан Костадинов и Куштрим Лика, а четврти судија ќе биде Александар Грујовски. Средбата ќе се одигра на 18 август во Берн.

Во својата богата судиска кариера ова е вторпат како Ставрев им суди на овие два клуба. Во изминатите години ги судеше средбите: Одензе – Јанг Бојс и Андерлехт – Бате Борисов.

Емил Божиновски, нашиот најискусен и најпочитуван контролор на судењето на списокот на УЕФА, туку што се врати од Цирих каде на 11. август го контролираше судењето на мечот меѓу Цирих и Линфилд, повторно ќе патува. Овој пат за Полска каде ќе го следи судењето на плеј-оф мечот во Конференциската лига на Европа меѓу Лех Познањ и Дуделанж од Луксембург кој ќе се одигра на 18. август.

М.М.

Се вчитува...