Стеф Кари продолжува да ги поместува „шутерските“ граници со нов НБА рекорд (ВИДЕО)

Стеф Кари повторно блесна на паркетот во победата од 117-113 над Сакраменто, а фантастичната шутерска вечер во која бекот на Голден Стејт постигна 37 поени со седум реализирани обиди за три поени ја закити и со нов рекорд во НБА лигата по постигнати тројки во еден месец, на два меча пред крајот на истиот.

Супер-ѕвездата на составот од Калифорнија за месец април постигна 85 тројки со што го сруши рекордот на Џејмс Харден од 82 тројки постигнат во ноевмри 2019 година кога „Брадата“ ги бранеше боите на Хјустон.

Кари претходно успеа да го сруши и рекордот по постигнати тројки во една сезона (402), а во моментот е втор на вечната листа по постингати тројки во НБА лигата (2,761).

Се вчитува...