Македонскиот интернациоанлец Стефан Ашковски е пред потпис со бугарскиот тим Левски Софија. Моментално бекот игра за турскиот тим Шанлиурфаспор, и се очекува наскоро да ја смени средината и да се пресели во главниот град на Бугарија, по вторпат во кариерата.
Ашковски веќе има искуство со играње во Бугарија, откако една сезона мина во Славија Софија, во 2018/2019.
Репрезентативецот на Македонија во минатото настапуваше во многу клубови меѓу кои и Алашкерт, Ламија, Сепси, Ботошани, Горник Лечна, Фортуна Ситард, Ерчијеспор, НОви пазар, Стромгодсет, Доњи Срем, Напредак, а мина и во Партизан и Телеоптик.
За македонската репрезентација Ашковски има одиграно 28 натпревари.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА