Македонскиот фудбалски интернационалец Стефан Деспотовски кариерата ќе ја продолжи во Србија, како член на екипата на ОФК Београд со која денеска и официјално потпиша договор.
Деспотовски своевремено беше дел од младинската школа на Црвена Звезда, настапуваше за кадетската репрезентација на Србија, но го прифати повикот на Македонија и почна да ги брани боите на нашата У21 селекција.
Тој претходно има настапувано и за Графичар и за Работнички, а доаѓа во ОФК од редовите на Шериф во Молдавија, каде не доби шанса каква што заслужува.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА