Стефан Ристовски е позитивен на Ковид-19

Македонскиот репрезентативец Стефан Ристовски, само ден по завршувањето на репрезентативниот собир, со информација дека е позитивен на Ковид-19.

Ристовски преку социјалните мрежи информираше дека тој и неговите најблиски се позитивни на коронавирусот.

Фудбалерот на Спортинг Лисабон го одигра и вчерашниот натпревар против Ерменија во Кипар се до замената во второто полувреме поради повреда. Засега нема информација дали и друг од македонските репрезентативци кои беа на Кипар се позитивни на Ковид-19.

Се вчитува...