Стефан Ристовски со Спортинг Лисабон го освои Лига купот на Португалија

Македонскиот фудбалски репрезентативец Стефан Ристовски со Спортинг Лисабон го освои трофејот во Лига купот на Португалија. Во драматичен меч, по изведување пенали, Спортинг Лисабон славеше против Порто со 3-1., откако мечот во регуларниот тек заврши 1-1. Фудбалерите на Порто промашија дури три удари од белата точка, а Спортинг Лисабон се спаси од пораз во последната минута од регуларниот тек од натпреварот. Стефан Ристовски го одигра целиот меч за Спортинг, но не учествуваше во пенал – серијата.

Финалниот дуел се одигра на стадионот во Брага. Порто поведе со голот на Фернандо во 79.минута од средбата, а израмни Бас Дост од пенал во 90.минута од мечот. Потоа во пенал – рулетот, фудбалерите на Спортинг Лисабон беа многу поуспешни.

Се вчитува...